Навивачите на ПСЖ ја сакаат „главата“ на Меси

Лионел Меси со патувањето во Саудиска Арабија без никаква дозвола од клубот само го потврди она што веќе беше јасно – дека Аргентинецот нема намера да остане во ПСЖ и да потпише нов договор со богатиот француски фудбалски гигант.

Последните информации велат дека Меси уште пред месец ги известил челниците на ПСЖ дека нема намера да потпише нов договор, туку летово како слободен играч ќе си замине од „Паркот на принцовите“.

По завршувањето на Светското првенство Меси е на мета на навивачите на парискиот клуб, а тие денеска се собраа во главниот град на Франција како би го изразиле своето незадоволство против Аргентинецот.

Тие пеат песни против Меси во кои хипотетички ја сакаат неговата „глава“.

 

Се вчитува...