Навивачите на ПСЖ не му простуваат на Нејмар: Проститутки не ни се потребни…

Навивачите на ПСЖ не му го простуваат така лесно „неверството“ на Бразилецот Нејмар кој силно се бореше да замине од клубот и да се врати во Барселона. Но, кога трансферот пропадна мораше да остане во Париз.

Неговата упорност да замине ги разочара навивачите кои со постојани свирежи го следеа вчерашниот негов настап против Стразбур.

„20 милиони евра за да му се врати на Меси. Во Париз проститутки не ни се потребни“ – му порачаа навивачите.

Нејмар, да потсетиме, и самиот беше подготвен да плати 20 милиони евра за да и помогне на Барселона во реализација на неговиот трансфер.

Се вчитува...