Реал Мадрид синоќа го доживеа првиот пораз во новата сезона, Бетис славеше со 1:0 во рамките на четвртото коло во Ла Лига, а по мечот навивачите на Кралевите го означија виновникот за поразот.
Реал Мадрид имаше шанса во судиското продолжение да се спаси од пораз, но ударот од белата на точка на Килијан Мбапе, го одбрани голманот на Бетис, Алваро Ваљес.
Французинот потоа се најде на удар на навивачите на Реал Мадрид кои не го штедеа на социјалните мрежи.
„Тој си замислува дека е Крал, а ништо не освои со нас, Трeба да го смират, Неверојатно однесувањe по ужасната ноќ, Мурињо треба да го седне на клупа и да му одржи лекција“, се дел од коментарите на фановите на Реал Мадрид упатени кон Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
