Навивачите на Шалке 04 со акција: Како знаете, задржете го Чурлинов во клубот!

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов игра извонредна сезона во дресот на Шалке 04.

21-годишниот Чурлинов има 20 настапи сезонава за Шалке со запишани два погодоци и четири асистенции, поради што веќе е и еден од милениците на навивачите на клубот кои се збратимени со вардаровите навивачи „Комитите“.

Најверните фанови на клубот од Гелзенкирхен деновиве се во акција со барање до Шалке 04 да го задржи Чурлинов и по крајот на сезоната.

„Како знаете, задржете го Чурлинов. Неговата посветеност и енергија но и приврзаност со навивачите, покажува дека максимално посветен на клубот. Тој негува нескриени чувства кон клубот и ни е потребен“ – коментираат навивачите на Шалке 04.

Шалке 04, сосема извесно се враќа во Бундеслигата следната сезона. Дарко Чурлинов е на позајмица во клубот од редовите на Штутгарт кој, пак, се бори за опстанок во најсилната германска лига.

Се вчитува...