Навивачите на Шалке сакаат да ги линчуваат родителите на новиот голман на Баерн

Навивачите на Шалке не можат да му го простат „неверството“ на досегашниот голман Александар Нубел кој одлучи кариерата да ја продолжи во Баерн Минхен и да го следи истиот пат како оној од пред девет години на Мануел Нојер.

Но, навивачите на Шалке никако не може да се помират со заминувањето на Нубел, па бесот го насочиле кон неговите родители кои живеат во Падерборн. Заканите кон родителите на Нубел толку се засилиле што тие биле принудени да го напуштат домот, и на одреден период да побегнат од државата, заминувајќи на крстарење по медитеранот.

„Ова што му се случува на Алекс е надвор од секоја памет, навистина неодговорно“ – се огласи околу целата ситуација и агентот на новиот голман на Баерн Минхен.

Се вчитува...