Манчестер Сити не успеа да стигне до цел плен на гостувањето против Монако, освојувајќи само еден бод по голот на Дајер од пенал во 90. минута за конечни 2-2.
Навивачите на англискиот гигант не го кријат незадоволството, особено од настапите на Бернардо Силва кој игра катастрофално во последната година од договорот со „граѓаните“. Бројките на Португалецот на мечот со Монако беа катастрофални, Силва доби само еден од петте дуели во кои влезе, имаше само едно прецизно ннафрлање од три обиди, дури 12 пати ја загуби топката, а во одбраната четири пати беше издриблан од противниците.
Фановите се особено бесни што Гвардиола реши да го задржи Силва во игра во текот на сите 90 минути, но затоа го повлече Доку, кој заедно со Халанд беше меѓу најдобрите на теренот.
„Пеп ќе не натера на крајот да го замразиме Бернардо Силва, го вади Доку, а него го остава на теренот“, напиша еден навивач на социјалните мрежи, по што се отвори дискусија: Бернардо е потполно бескорисен и крајно време е да почне да се разговара на таа тема.
Критиките само продолжија: „Шокантна претстава на Бернардо Силва“… „Што тој воопшто прави во оваа екипа“… „Силва мора да си замине следната сезона“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

