Навивачите на Струга со „жолт картон“ за Наумче Мојсовски (ФОТО)

Струшкиот ракометен турнир официјално стартуваше денеска со дуелот меѓу Струга и Прилеп, а домашните навивачи веднаш испратија порака со предупредување до раководството на клубот, предводено од Наумче Мојсовски.

Навивачката група „Паткари“ се појави веднаш зад трибината на теренот каде се играше натпреварот, истакнувајќи транспарент: „Верни на Струга без пардон, ама за управата жолт картон“.

Струга по влегувањето во Супер-лигата се мачи со сериозни финансиски проблеми, а навивачите очигледно вината ја бараат токму кај највисокото раководство на клубот, чија работа е да овозможи нормално функционирање на ракометниот колектив.

Дали ситуацијата ќе се стабилизира, или Мојсовски ќе добие и „црвен картон“ од „паткари“, останува да се види во наредниот период.

Се вчитува...