Навивачите на Вардар се хит на викендот во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Европскиот првак Вардар ја прекина лошата серија порази во ракометната Лига на шампионите со триумфот над Мотор Запорожје и обезбеди место во осминафиналето од елитното натпреварување. За „црвено-црните“ ова беше прв успех во 2020 година и се проби на петтото место на табелата во конкуренцијата од прелиминарната фаза.

Значаен дел од победата беа и навивачите на Вардар кои го проценија тешкиот момент и  дојдоа да ги поддржат ракометарите кои се борат и во исклучително тешка ситуација. ЕХФ направи специјално видео во кое е прикажана поддршката која навивачите во „Јане Сандаски“ му ја дадоа на Вардар. Салата не беше комплетно исполнета, но атмосферата беше одлична.

Видеото на следниов линк.

Се вчитува...