Навивачите на Вест Хем „дивееја“ во Загреб, еден Хрват тешко повреден

Европската фудбалска лига вечерва во Загреб го носи дуелот меѓу Динамо и Вест Хем. Нема сомнение дека „Максимир“ ќе донесе одличен фудбал, а во Хрватска веќе се пристигнати и навивачите од Англија. Во пресрет на овој дуел фановите на двата клуба конзумирале премногу алкохол, па под голем адреналин го чекаат натпреварот што ќе се одигра од 18.45 часот.

Се разбира, ваквиот развој на настаните ги донесе и првите инциденти кои се фатени и од објективите на камерите. Синоќа околу 21.25 часот на улиците во Загреб, британските навивачи нападнале двајца хрватски државјани. Според полицијата во Загреб, еден е тешко повреден.

Полициските службеници навремено интервенирале и ги неутрализирале групите од двете страни, а по овој инцидент приведени се четворица британски државјани на возраст од 23, 20, 25 и 23 години, кои биле во група која физички користела тврди предмети (столови, чаши, шишиња).

Се вчитува...