Навивачите не дозволија: Бразилска Маракана нема да го добие името на Пеле

Сојузниот гувернер на Рио Де Жанеиро, Клаудио Кастро, ја поништи иницијативата за преименување на култниот стадион Маракана, по серијата критики од јавноста.

Дел од советниците во сојузната држава минатиот месец предложија стадионот да се вика „Крал Пеле“ по Едисон до Насименто Пеле, најголемиот фудбалер во историјата на бразилскиот фудбал.

Сепак, плановите за преименување паднаа во водат откако на тоа остро се спротиставија навивачите. Затоа што, иако Пеле играл на тој стадион, никогаш не живеел во таа сојузна држава ниту во градот Рио, туку во 400 километри одалечениот Сао Пауло.

Инаку, славната „Маракана“ официјално се вика Марио Фиљо по новинарот кој во 40-те години од минатиот век лобираше за негова изградба, а во широката јавност е познат како Маракана по квартот во кој се наоѓа.

Се вчитува...