Навивачите се бесни: Ова се цени за во јавна куќа, не за фудбалски натпревар

Борусија Дортмунд ги разочара своите навивачи губејќи на домашен терен од Вердер со 2-3, дуел на кој „милионерите“ до 88. минута имаа сигурно водство од 2-0, но на крајот ги загубија бодовите.

Навивачите се уште поразочарани од односот на управата, откако челниците на клубот решиле да ги кренат цените на влезниците. Борусија го има најскапиот сезонски билет кога станува збор за најнискиот ранг според категоризација, што претставува вистински удар за оние најсиромашни навивачи, кои сега не можат да го следат својот омилен клуб.

Фановите на Борусија Дортмунд важат за најлојални во Германија, но тие вчера го кренаа гласот против управата.

„Вистинска љубов? Овие цени се за во јавна куќа“, гласеше еден од транспарентите на фановите како јасна порака до челниците на клубот.

Се вчитува...