Навивачите во НБА бесни почнаа петиција за суспензија на Јокиќ: „Суспендирајте го поради брат му!“

Никола Јокиќ игра нова фантастична сезона во НБА лигата во која одново е кандидат за освојување на МВП титулата, а и го води својот Денвер до предност од 2-0 во четвртфиналната серија на Западот против Лос Анџелес Лејкерс.

Но, новиот трипл-дабл учинок од 27 поени, 20 скокови и 10 асистенции во последниот триумф на Денвер остана во сенка на неговите браќа, потточно постариот брат Страхиња кој по крајот на средбата влезе во конфликт со навивач на трибините, удирајќи го со тупаница.

Поради физичкиот конфликт полицијата во САД отвори истрага против Србинот, а се огласи и НБА лигата која не дозволува недолично однесување на навивачите па се очекува и забрана за влез на Страхиња на останатите натпревари на Денвер оваа сезона.

А, во меѓувреме на социјалните мрежи започна и петиција за суспендирање на Никола Јокиќ поради однесувањето на неговиот брат.

„Мислам дека мора да се испрати порака, ова е недозволиво однесување, треба да се суспендира Никола Јокиќ на најмалку пет натпревари… НБА лигата треба да го суспендира Јокиќ до крајот на плејофот поради неговите браќа… Ова е неприфатливо. Супендирајте го Јокиќ“ – се дел од коментарите кои можат да се најдат на социјалните мрежи.

Се вчитува...