Навивачите во октомври се враќаат на стадионите во Англија

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, најави дека навивачите во Англија на стадионите би можеле да се вратат во октомври. Во март месец се прекина шампионатот поради пандемијата од коронавирусот, а по рестартот на сезоната сите стадиони во Англија останаа празни.

„Од октомври би можело навивачите да се вратат на стадионите во Англија“, изјави Џонсон на денешната прес-конференција. 

Сепак, и доколку се случи фановите во Англија повторно да можат од трибините да ги бодрат своите тимови, се до пронаоѓањето на вакцина на стадионите ќе се присуствува под одредени протоколи.

Се вчитува...