Навивачите во транс, Меси на вечера со Чави во Барселона (ВИДЕО)

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ја искористи паузата во француската Лига 1 и заедно со семејството се врати во Барселона, каде што ќе има краток одмор, а тоа беше доволно за да привлече внимание на медумите, но и навивачите на каталонскиот гигант.

Меси за првпат се враќа во Барселона, откако потпиша за ПСЖ, а шпанските новинари го следеа секој негов чекор и забележаа дека Аргентинецот беше на вечера со тренерот на гигантот, Чави Ернандез, капитенот Серхи Бускетс и Жорди Алба.

Група на навивачи се собраа пред ресторанот откако дознаа дека Меси се вратил во Барселона, а еден од најдобрите фудбалери во историјата реши да им подели автограми по вечерата со неговите поранешни колеги.

 

 

 

 

 

Се вчитува...