Навивачка почит – Хулиганот кој го погоди Паје доби „шамар“ од еден од водачите на групата (ВИДЕО)

Голем инцидент се случи уште на самиот старт на натпреварот меѓу Олимпик Лион и Олимпик Марсеј. Во 4. минута Дмитри Паје отиде да изведе корнер, а еден од навивачите на домаќините го погоди со шише во глава.

Главниот судија веднаш го прекина мечот и најверојатно тој нема да се доигра вечерва.

Интересна ситуација се случи веднаш по инцидентот кога еден од водачите на навивачката група дојде кај хулиганот кој фрли шише кон Паје и му удри „шлаканица“.

 

 

Се вчитува...