Најмалку едно лице го загуби животот, а 37 се повредени во навивачкото стампедо што се случило во пресрет на дуелот меѓу Мадагаскар и Сенегал во Антананариво, додека домашните фанови се обидувале да влезат во стадионот. Поради огромниот интерес навивачите уште рано наутро почнале да се собираат, а неколку часа подоцна станале нервозни бидејќи сите врати од стадионот се уште биле затворени.
Дел од нив тргнале во „стампедо“ во обид сосила да ги отворат вратите, при што еден навивач починал на лице место.
Натпреварот потоа се одигра и донесе огромни возбудувања, завршувајќи без победник (2-2), сенегалскиот состав два пати доаѓаше во водство, но Мадагаскар успеа да се спаси од пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА