Навивачот кој го погоди Паје доби казна затвор: Не сакав да го погодам, туку да го заплашам

Навивачот кој во неделата навечер предизвика прекин на натпреварот Лион – Олимпик Марсеј, е осуден на шестмесечна казна затвор, денеска се појави во обвинителството.

Уште во 4. минута Паје беше погоден со шише, а натпреварот беше прекинат, и не беше продолжен. Сторителот веднаш е идентификуан и казнет.

Тој денеска во Обвинителството се појави со блуза Баерн Минхен, и порача дека Паје му бил мета. Но, тврдеше дека сакал само да го заплаши, а случајно шишето го погодило.

Покрај шестмесечната казна затвор, навивачот пет години ќе нема право на влез на стадионите во Франција, и доби две години условна затворска казна. Мора да исплати по едно евро отштета на Марсеј, Паје и Лига 1, односно три евра вкупно.

Овој навивач и во минатото имал криминално досие. Тој е казнет 25.000 евра поради малверзации.

Се вчитува...