Навивајте со навивачите на Simplyfans и поддржете го вашиот омилен тим во главната фаза од натпреварувањето

Екипите ја завршија групната фаза и дел од нив сега се подготвуваат за главната фаза од натпреварувањето која започнува денес, 20 јануари. Веселите фанови низ Европа поврзани преку иновативната и забавна кампања Simplyfans со нетрпение го чекаат почетокот на следната фаза од натпреварувањето. Лице на овогодинешната кампања на Simplyfans повторно е Никола Карабатиќ, еден од најдобрите ракометари во светот, чија сила и сигурност ги одразуваат клучните вредности на Горење и навивачите низ Европа.

Simplyfans кампања со Никола Карабатиќ во главната улога – играчот со најмногу натпревари на EURO

На турнирот EHF EURO 2022 учествуваа 24 екипи, 12 екипи останаа во борба за освојување на шампионатот на терените во Унгарија и Словачка. Францускиот ракометар Никола Карабатиќ, кој е амбасадор на Simplyfans, се обидува да го освои својот четврти EHF EURO трофеј откако го освои во 2006, 2010 и 2014 година. Тој е и играчот кој забележа најмногу настапи на натпреварите на EHF EURO во периодот од 2004 до 2022 година – поточно 63, постигнувајќи 264 голови досега. Тимот со најголем процент на победи на сите времиња, земајќи ги предвид сите натпреварувања од 1994 до 2020 година, е Шпанија.

Завршување на групната фаза

Без разлика што нашите репрезентативци не се пласираа во главната фаза од натпреварувањето, храбро се изборија и дадоа сѐ од себе во овој момент. Секогаш е многу поважно да се учествува, отколку да се победи. Да се ​​биде шампион значи да се биде со својот тим, и во победи и во порази. EHF EURO 2022 продолжува, и затоа остануваме поврзани преку иновативната и забавна кампања Simplyfans, бидејќи Горење ќе продолжи да поддржува тимови и навивачи, без разлика на резултатот на натпреварите.

Возбудлива кампања на Simplyfans

Горење не е играч кој лесно се откажува и секако го знае патот до шампионска титула. Многу популарната кампања #simplyfans повторно ќе ги обедини фановите низ Европа со слоганот „Сите можеме да бидеме шампиони. Поддршка за тимот и вам во домот“. За да учествувате, поканети сте да ги следите социјалните мрежи @gorenjesimplyfans и @gorenjemkd каде обожавателите се поврзуваат преку универзалниот јазик на емотиконите и учествуваат во квизови и загатки како што се погодување за која земја учесник станува збор врз основа на четири емотикони. Не се заборава ниту креативната навивачка кореографија. Учесниците имаат можност да освојат многу атрактивни и вредни подароци, како и да навиваат за своите тимови од трибините. За сите новости и информации, посетете ги веб-страниците www.simplyfans.eu и mk.gorenje.com како и сите нивни социјални мрежи.

За сите нови информации и актуелни новости, ве покануваме да го следите Горење на Facebook и Instagram и YouTube.

Се вчитува...