Наз Рид најдобар шести играч во НБА лигата

Кошаркарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид ја подигна наградата за најдобар шести играч во НБА лигата оваа сезона.

Наз Рид е еден од најважните адути на „волците“ оваа сезона, кои се на чекор до полуфиналето во Западната конференција, бидејќи моментално имаат предност од 2-0 во серијата против Феникс Санс.

Рид ја игра петтата сезона во најсилната лига на светот, која е и најпродуктивна во неговата кариера со 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во просек по меч.

Борбата за најдобар шести играч во лигата инаку беше многу неизвесна. Рид победи со само два гласа за првото место (45-43) пред Малик Монк од Сакраменто.

Се вчитува...