НБА донира 300 милиони долари во борбата за правата на Афроамериканците

НБА лигата најави донација од 300 милиони долари во фондот посветен за засилување на „Заедницата на Афроамериканци“. Фондацијата е почната во партнерство со Националната асоцијација на кошаркари НБПА.

Во текот на следните десет години, сопствениците на НБА тимовите заеднички ќе донираат 300 милиони долари годишно, како би ставиле темели на нова добротворна фондација на лигата. Мисија на фондацијата ќе биде економско засилување на „афроамериканската заедница“ по пат на вработување и напредување во кариерата. НБА фондацијата ќе настојува да ја зголеми поддршката на средношколците, студентите, но и обучување на жени и мажи Афро-американци, како и да им помогне на локалните организации кои нудат обука за работа, менторство и обучување.

Сите 30 НБА тимови ќе бидат членови на фондацијата заедно со бордот на директори кои ќе го сочинуваат претставници од Управниот одбор на НБА (четири места), кошаркари и раководство од НБПА (три места) и едно место од канцеларијата на лигата.

Се вчитува...