„НБА драфтот 1996 е најдобар, па видете Коби кога беше избран“

Поранешниот НБА шампион, Ентоан Вокер вели дека НБА драфтот во 1996 година е најдобар во историјата.

„Се сеќавам дека многу се мачевме пред драфтот. Сите нас не доведоа заедно и моравме заедно да се докажуваме еден со друг. Ги почитувам Ајверсон, Кемби, Марбери и Ален. Со сите играв и кога ќе се сетам дека на таков драфт бев избран како шести… Мислам дека драфтот 1996 беше најдобар, погледнете ги само Коби и Неш. Двајца „хол оф фејмери“, беа касно бирани. Околу пет членови на „Куќата на славните“ имаме веќе сега, неколку МВП и потоа луѓето ми викаат дека сум пристрасен коа велам дека мојот драфт беше најдобар“, вели Вокер. 

Ентоан Вокер имаше долга НБА кариера играјќи за Бостон, Мајами, Далас, Атланта и Минесота, а со Хит во 2006 стигна и до шампионскиот трофеј.

Се вчитува...