НБА финале: „Ол-стар“ тимот од Лос Анџелес против „новите ѕвезди“ од Мајами (ФОТО)

Во две седмици со дуели предвидени на два дена и најдоцна до 14 октомври, ако бидат одиграни максимални седум натпревари, НБА ќе го добие новиот шампион. Битката за трофејот, Лос Анџелес Лејкерс и Мајами ја почнуваат в четврток наутро по средноевропско време. Потоа ќе има дуели веќе в сабота, па во понеделник и се со 14. октомври за кога е предвиден потенцијалниот крај на финалната серија.

 

Лидерот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, ќе се соочи со поранешниот тим кој го предводеше до две титули. „Кралот“ е во обид да дојде до четвртиот НБА прстен  и за тоа ќе има голема помош од составот на „лејкерс“ кој во финалната серија има да понуди почетна петорка од ол-стар ѕвезди. Мајами е во сосема поинаква позиција. Тимот беше во изградба по заминувањето на Џејмс пред шест години.

Мајами се потпира на млади ѕвезди кои сезонава потврдија дека имаат место во НБА историјата. „Жешките“ на патот до финалето го елиминираа фаворитот Милвоки кој беше најдобриот тим на Исток во регуларниот дел од сезоната, а потоа и релативно комотно се справија со Бостон. Тренерот на Мајами, Ерик Споелстра ќе оди во петтото финале во кариерата.

 

Лос Анџелес Лејкерс по пауза од една деценија се во финалето на Лигата и се во обид да дојдат до 17-та титула. Леброн, Дејвис и уште неколку искусни борци се перјаницата кој треба да ја врати шампионската слава кај тимот од „градот на ангелите“.

 

 

 

Се вчитува...