НБА ги избра најдобрите петорки: Јокиќ, Шеј, Јанис и Тејтум со 100 од 100!

НБА лигата ги избра најдобрите петорки за изминатава сезона. Повторно четворица кошаркари, како и минатата година, се со максимално 100 добиени гласови.

Тоа се, ѕвездата на Денвер, Никола Јокиќ, заедно со Шеј Гилџус-Александар, Јанис Антетокумпо и Џејсон Тејтум. Сите четворица беа меѓу првите пет и минатата сезона. Единствената промена во првата петорка е Донован Мичел, кој го замени словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ.

Џејлен Брансон, Стеф Кари, Ентони Едвардс, Леброн Џејмс и Еван Мобли ја сочинуваат втората петорка, а Кејд Канингем, Тајрис Халибартон, Џејмс Харден, Карл-Ентони Таунс и Џејлен Вилијамс ја сочинуваат третата.

Ова е седмиот избор на Јокиќ во идеалната петорка, а петтиот по ред во најдобрата.

Тој ја заврши сезоната со просек од трипл-дабл (29,6 поени, 12,7 скока и 10,2 асистенции), со што стана третиот играч во историјата и првиот центар што го направил тоа.

Се вчитува...