НБА гигантите во ред за Никола Вучевиќ

Одличниот црногорски кошаркар Никола Вучевиќ е на мета на најдобрите тимови во НБА лигата. Според пишувањата на американските медиуми Бостон Селтикс и Шарлот Хорнетс се први фаворити за неговиот потпис, а меѓу потенционалните кандидати се и Мајами Хит и Сан Антонио Спурс.

Вучевиќ во моментов е во втората година од четиригодишниот 100 милионски договор со Орландо Меџик, па доколку овие тимови го сакаат во нивните редови ќе мора да достават добра понуда до тимот од Флорида.

Вучевиќ кој е двократен „Ол-стар“ играч сезонава просечно бележи по 24,6 поени, 11,6 скока и 3,7 асистенции.

Се вчитува...