НБА го одложува почетокот на новата сезона за март 2021

Новата НБА сезона може да почне дури во март месец следната година, пренесуваат американските медиуми. Актуелната сезона својата завршница поради пандемијата од коронавирусот ја има во Орландо и се очекува да заврши на крајот на септември. Првиот човек на лигата Адам Силвер вели дека можно е следната сезона да почне дури во март следната година, а главна причина за тоа е дека тој сака да ја врати публиката на трибините.

„Имам чувство дека можеме да ја вратиме публиката на трибините, ако уште малку го одложиме стартот на новата сезона“, изјави Силвер. 

Во моментов стартот на новата сезона се планира за декември годинава, но се уште ништо не е сигурно, а доколку и новата сезона стартува без публика тоа ќе значи нови загуби за тимовите.

Се вчитува...