НБА го суспендираше „лудакот“ Патрик Беверли

Не сите играчи на Милвоки ја прифатија на ист начин болната елиминација од плеј-офот. Патрик Беверли го истури бесот на навивач на Индијана, но и на новинарка на ЕСПН по натпреварот што ќе го чини следните четири натпревари.

Во текот на натпреварот Беверли ја фрли топката во правец на навивачите. А откако завршил, не сакал да се сретне со новинарката и да и даде изјава, бидејќи таа не го слушала неговиот подкаст.

Поради ова, НБА го суспендираше на следните четири натпревари, суспензија која ќе ја одработи следната сезона. Веста ја соопшти извршниот потпретседател на НБА и директор за кошаркарски операции, Џо Дурмас. Не помогна ниту тоа што Беверли набрзо и се извини на репортерката.

Во првото коло од плеј-офот, Милвоки беше поразен од Индијана со 4-2, иако Бакс на почетокот имаа предност на домашен терен.

Се вчитува...