НБА ќе им дозволи на кошаркарите на дресовите да носат пораки за правда

Раководството на НБА лигата и здружението на кошаркари преговараат околу дозволата за носење порака за друштвена праведност на дресовите кога сезоната ќе биде продолжена на 30. јули во Орландо, пренесува американскиот ЕСПН.

Пораката ќе се наоѓа на местото на кое е името на кошаркарите. Тоа ќе биде слично на она што го направи Премиер-лигата, која во првите натпревари по паузата имињата на фудбалерите ги замени со пораката „Black Lives Matter“. Фудбалерите во премиер-лигата до крајот на сезоната на ракавите на дресовите ќе ја носат истата порака.

НБА во петокот го објави распоредот за продолжението на сезоната која својот рестарт ќе го има на 30. јули со натпреварите меѓу Њу Орлеанс Пеликасн – Јута Џез и ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс.

Се вчитува...