НБА ќе се доигрува во Орландо, со кошаркарите ќе може да патува и семејството

НБА лигата следните денови треба да донесе конечна одлука околу иднината на годинашната сезона. Се очекува таа да биде завршена во „Дизниленд“ во Орландо. Ќе се одиграат уште пет до седум натпревари до крајот на регуларниот дел, а потоа ќе следува плеј-офот, кој поради ситуацијата годинава може да биде проширен.

Последна информација од САД пристигнува дека со кошаркарите кои ќе бидат сместени во хотелски карантин ќе може да патуваат и членовите на најблиското семејство. За потсетување НБА беше суспеднирана на средината на месец март кога позитивен на коронавирус беше центарот на Јута Џез, Руди Гобер.

 

Се вчитува...