НБА кошаркарите до 15. јуни ќе мора да се вратат во САД

НБА лигата ќе продолжи на 30. јули во „Дизниворлд“ во Орландо. Сите кошаркари кои ги напуштија Соединетите Американски Држави ќе мора во тимовите да се вратат до 15. јуни, додека кошаркарите кои останале на американска територија на 22. јуни ќе треба да се пријават во тренинг камповите.

Двоецот на Далас, Лука Дончиќ и Кристапс Порзингис се вратија во своите родни земји кои ќе мора да ги напуштат до 15. јуни и да продолжат со обврските во НБА. Иако НБА сезоната треба да продолжи на 30. јули, голем дел од кошаркарите кои се предводени од ѕвездата на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг се против продолжување на сезоната, велејќи дека во време во кое здравјето на сите треба да е на прво место, нема потреба од играње кошарка.

Се вчитува...