НБА: Лејкерс конечно победија, Торонто „гази“, Кливленд и натаму тоне

И без суспендираните Рондо и Инграм, Лос Анџелес Лејкерс лесно го добија дуелот со Феникс. Триумфираа со 131-113. Во победата Леброн Џејмс постигна 19 поени , имаше и 10 скока и седум асистении, одигра само половина час.

Екипата на Торното ја продолжува успешната серија, дојде до петтата последовна победа на стартот од сезоната, со успехот над Минесота од 112-105. Каваи Ленард постигна највисоки сезонава 35 поени во победата на Торонто.

 

Кливленд во првата сезона без Леброн Џејмс има исклучително лош почеток. И по четири натпревари и натаму е без победа откако Бруклин си замина од Охајо со висок триумф од 102-86.

 

РЕЗУЛТАТИ:

Атланта – Далас 111:104

Кливленд – Бруклин 86:102

Мајами – Њујорк 110:87

Торонто – Минесота 112:105

Чикаго – Шарлот 112:110

Хјустон – Јута 89:100

Сан Антонио – Индијана 96:116

Милвоки – Филалделфија 123:108

Феникс – ЛА Лејкерс 113:131

Сакраменто – Мемфис 97:92

Голден Стејт – Вашингтон 144:122

Се вчитува...