Комесарот на НБА лигата Адам Силвер истакна дека летово сериозно ќе се занимава со проширување на натпреварувањето, а има идеја каде .
Можноста нова или ново-стара франшиза да се појави во најсилната лига во светот е тема која веќе подолго време е актуелна меѓу љубителите на кошарката. Тоа наскоро би можело да има епилог, тврди американскиот адвокат и спортски менаџер.
На изненадување на сите, Силвер наведе територии надвор од Соединетите држави како примарни дестинации за проширување. Тој верува дека најголемата причина за ова е што додавањето на тим надвор од САД може да и донесе многу поголем профит на организацијата.
Главен кандидат би бил Мексико Сити, кој неодамна поседува и тим во развојната Г лига (Капитанес). Во главниот град на Мексико веќе подолго време се одржуваат НБА натпревари. Друга опција би биле канадските градови, првенствено Ванкувер и Монтреал. Силвер, исто така, откри дека преговорите за проширување ќе се одржат во Летната лига во Лас Вегас, за време на состанокот на сите сопственици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА