НБA лигата стартува на 17. октомври

Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер вчера истакна дека новата сезона ќе започне порано од предвиденото. Стандардниот датум е 27. октомври, но оваа сезона ќе стартува десет дена порано, односно на 17. октомври.

Целта на поместувањето на датумот е да има што помалку одморање на играчите во текот на регуларната сезона. Минатата година неколку екипи кои конкурираа за титула во текот на регуларниот дел одмораа доста од своите првотимци и клучни играчи. Кливленд најмногу го правеше тоа, Џејмс, Ирвинг и Лав речиси и да не играа пред почетокот на разигрувањата.

Исто така и ќе се намали бројот на натпревари кои се играат од ден за ден, а со тоа ќе се намали и бројот на повреди. Како што изјави поранешниот комесар, Марк Стејн, за поместувањето на датумот одборот преговарал од декември минатата година.

Со поместувањето на распоредот, Адам Силвер истакна дека и крајниот рок за размена на играчи ќе заврши порано од предвиденото. Осми фебруари е последниот ден од „пазарот“,  десет дена пред почетокот на Ол-стар викендот. Во изминатите сезони рокот за размена завршуваше на 23. фебруари.

Се вчитува...