НБА најде начин и губитничките тимови да се натпреваруваат

НБА лигата воведува втор „балон“ во кој ќе може да се натпреваруваат екипите кои немаат шанси за пласман во плеј-оф. Завршницата на НБА лигата ќе биде одиграна во Орландо, каде ќе настапат 22 екипи.

Преостанатите осум клуба ќе имаат право да тренираат и да играат меѓусебни натпревари во Чикаго. „Балонот“ во Чикаго се очекува да биде во месец септември, кога плеј-офот треба да биде кон самиот крај. Ова е воведено како би можело тимовите кои беа најлоши сезонава да држат индивидуални тренинзи, но и кошаркарите да бидат во натпреварувачка форма, за новата сезона која ќе почне во декември.

 

Се вчитува...