НБА не ги пушта Американците да играат за репрезентацијата

Тимовите од НБА лигата нема да им дозволат на кошаркарите да настапуваат за националниот тим во текот на сезоната. Тоа ќе значи и отсуство на играчите од најсилната лига во квалификациите за Светското првенство во 2019  во Кина. Ваквата одлука посебно ќе биде специфична за американскиот дрим-тим.

Постојат неколку алтернативи, една од нив е во американската репрезентација за квалификациите за СП 2019 да се регрутираат играчи од развојната лига. Втората опција е за„резервниот“ дрим-тим да играат  кошаркари кои не настапуваат во најсилната лига во светот.

Во иста ситуација е и американскиот селектор Грег Попович, па челните луѓе во репрезентацијата на САД ја разгледуваат опцијата и за ангажман на повеќе тренери кои ќе го водат тимот во квалификациите или да ангажираат заменик-селектор што ќе ја води американската репрезентација во сите 12 квалификациски натпревари.

Се вчитува...