НБА: Неверојатен пресврт на Чикаго, од -19 до победа за една четвртина

Кошаркарите на Чикаго со една одлична четвртина, успеаја да го добијат натпреварот со Бостон на гостински терен, на крајот со убедливи 14 разлика. „Булси“ во текот на целиот меч губеа, а губеа и по четвртини. Првата ја загубија со еден разлика, па Бостон во втората беше подобар со седум разлика, и третата ја доби Бостон со шест разлика. Едно време домашните имаа и неверојатни 19 поени предност во третиот период, а во финишот на истиот гостите намалија и во последната четвртина Бостон влезе со предност од +14. Меѓутоа во последната четвртина Чикаго одигра „ѕверски“ и ја доби со неверојатни 39:11. Предноста се топеше многу брзо, па не само што успеаја да дојдат до „егал“, туку и да направат добра разлика во своја корист.

Најефикасен не мечот беше ДеРозан со 37 поени, и најзаслужен за победата на Чикаго.

И покрај одличната партија на српскиот кошаркар Никола Јокиќ, Денвер загуби од Мемфис со 106:97. Јокиќ постигна 23 поени и седум асистенции и исто толку скокови, но недоволно да се совлада противникот. Клучната разлика беше направена во третиот период, кој Мемфис го доби со 22:15, и потоа Денвер не можеше да се врати.

РЕЗУЛТАТИ:

ЛА Клиперс – Оклахома 99:94
Шарлот – Кливленд 110:113
Индијана – Сан Антонио 131:118
Филаделфија – Портланд 113:103
Атланта – Вашингтон 118:111
Бостон – Чикаго 114:128
Њујорк – Торонто 104:113
Мемфис – Денвер 106:97
Минесота – Орландо 97:115

Се вчитува...