НБА нуди решение за договор меѓу Евролига и ФИБА и спас на европската кошарка

Раководството на најсилната кошаркарска лига во светот, НБА им понуди на Евролигата и ФИБА решение за решавање на конфликтот кој трае веќе долго.

НБА лигата предложува елитно европско натпреварување со 24 тима, додека Еврокупот и Лигата на шампионите би се споиле и би дошле под покровителство на ФИБА.

Условот кој го наметнува НБА е Евролигата да биде отворена за играчи без долгорочни договори, со што сите би профитирале, вклучувајќи ги и националните тимови бидејќи би се усогласиле терминитие и играчите би можеле да играат за репрезентациите.

Од второто по ранг натпреварување шест клубови би оделе во Евролигата, што дополнително би го зголемила значењето на ова натпреварување.

Се вчитува...