НБА планови: Рекреативни дроги може, но излегување од Орландо не

НБА лигата влегува во фазата од детализирање на плановите за продолжението на сезоната предвидено за во Орландо. Последните информации кои излегуваат се однесуваат на тестирањето за рекреативни дроги како и за опцијата играчите да го напуштат Орландо.

Според договореното меѓу Асоцијацијата на играчи и НБА тестирањата за лекови и за стимуланси остануваат задолжителни, но нема да бидат казнувани оние кошаркари во чија крв ќе бидат пронајдени таканаречените „рекреативни дроги“.

Според најавите, се чини потежок престап ќе се смета напуштањето на Орландо. ако играч го напушти градот ќе мора да биде 10 дена во карантин и да прикаже два негативни теста.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...