Спорната ситуација од натпреварот меѓу Шарлот и Мајами доби нов епилог – НБА официјално започна истрага против Ламелo Бол.
Станува збор за инцидент од втората четвртина од плеј-ин дуелот, кога плејмејкерот на Хорнетс ја закачи ногата на Бем Адебајо под кошот за време на дуелот, по што центарот на Хит падна незгодно и го повреди грбот.
Адебајо како резултат на тоа не можеше да го продолжи натпреварот, што беше голем удар за Мајами во игра од типот „да се биде или не“.
Според последните информации, лигата темелно ќе го разгледа спорниот потег и ќе процени дали има елементи за дополнителна казна или дисциплинска мерка.
Одлуката се очекува многу наскоро – дури и пред следниот плеј-ин натпревар на Шарлот закажан за петок.
Ситуацијата веднаш предизвика бројни реакции, бидејќи се чинеше дека контактот е непотребен и потенцијално опасен, а сега НБА ќе ја даде конечната пресуда.
Is this a dirty play by LaMelo? pic.twitter.com/tPebBPDLDC
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 15, 2026
„Мораше да биде исфрлен од игра поради тоа! Нема место за такви работи во кошарката. Не мислам дека е „слатко“ и не мислам дека е смешно. Тоа е глупав потег, опасен потег и затоа нашиот најдобар играч е надвор од игра. Не барам изговори, но ова е штета. Тој треба да биде казнет, тие трикови и работа со нозете немаат место во оваа лига“, рече тренерот на Мајами, Ерик Споелстра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
