НБА се исчисти од коронавирусот: И сопственикот на Њујорк ја победи болеста

Сопственикот на Њујорк никс, Џејмс Долан потполно се опорави од коронавирусот откако минатиот месец неговиот тест на Ковид-19 беше позитивен.

64-годишниот Долан немаше никакви посериозни симптоми, па од домашна изолација ги контролираше сите работни активности. Покрај тоа, Долан донираше и крв за истражување и можно откритие на лекот за коронавирусот, а планира донирање и крвна плазма.

Со Џејмс Долан, буквално сите лица од НБА кои беа позитивни од оваа болест, вклучувајќи и десеттина кошаркари, сега комплетно се опоравија. Нема повеќе ниту еден кошаркар или кошаркарски работник поврзан со НБА кој е позитивен на коронавирусот. Но, и покрај тоа се уште нема најави кога би можело лигата да продолжи.

Во САД во моментов се запишани 850.000 лица позитивни на коронавирусот, од кои 47.000 починати.

Се вчитува...