НБА се врати со стил – „Кралот“ за триумф на Лејкерс во дербито на ЛА (ВИДЕО)

Леброн Џејмс со поени на 12 секунди до крајот на мечот донесе победа за ЛА Лејкерс во дербито против Клиперс со 113-111. Ентони Дејвис со 34 поени беше прво име во победничкиот табор, додека Леброн мечот го заврши со за него скромни 16 поени, надополнети со 11 скока и 7 асистенции. Кај Клиперс Пол Џорџ уфрли 30, додека Кавај Ленард 28.

Во натпреварот со кој почна НБА спектаклот во „Дизниворлд“, Јута Џез беше подобра од Њу Орлеанс Пеликанс со 104-106. Мичел и Конли мечот го заврши со по 20 поени кај победниците, додека кај Пеликанс се истакна Инграм со 23, а Холиден уфрли 20.

Се вчитува...