НБА-шампионот на работ на елиминација, ЛА Клиперс пак поведе против Денвер

Торонто се наоѓа на еден меч до елиминација од НБА-плејофот по убедливиот пораз од 89-111 што актуелните шампиони го претрпеа на мечот со Бостон, по што сега се наоѓаат во негатива од 1-3 во полуфиналето од Источната конференција. Бостон одигра неверојатно прво полувреме во кое стигна до предност од 62-35, што селтикс потоа рутински ја одржа до самиот крај.

Дури шест кошаркари на Бостон стигнаа до двоцифрен број на поени, а најефикасни беа Браун со 27 и Вокер со 21 поен. Прв стрелец на Торонто беше Фред ван Флет со 18 поени.

ЛА Клиперс поведе со 2-1 во серијата против Денвер, триумфирајќи на синоќешниот дуел со резултат 113-107. Никола Јокиќ и повреден одигра одличен меч, реализирајќи 32 поени, 12 скокови и 8 асистенции, но и тоа се покажа недоволно да се стигне до триумф. Како кобна за Денвер се покажа последната четвртина во која Јокиќ и соиграчите промашија премногу шутеви, а тим како ЛА Клиперс знааеше како да го казни тоа, да направи пресврт и да стигне до победата.

Најефикасен во победничката екипа беше Пол Џорџ со 32 постигнати поени, пред Ленард и неговиот дабл-дабл од 23 поени и 14 скокови.

Се вчитува...