НБА со реакција: Срамен документарец – Кукоч беше една од главните алки во Чикаго, а во филмот е статист

Актуелниот документарец за Чикаго булс и неговата шампионска генерација предводена од Мајкл Џордан, „Последниот танц“, предизвикува бројни реакции ширум светот, но и во САД.

И НБА не можеше да го премолчи својот став за документарецот огласувајќи се со коментар со наслов: „Тони Кукоч, офанзивен мајстор кој во вистинскиот последен танц му го зазеде местото на Денис Родман“, и анализа преку која докажува дека ЕСПН направил огромна неправда кон Тони Кукоч, кој во првите четири од вкупно десет епизоди е сведен едвај на статист во филмот.

„Попознат како шестиот човек од дрим-тимот на Џордан, Хрватот беше незаменлива алка токму во сезоната 1997/98 која навистина беше нивниот ‘последниот танц’. И замислете во документарецот, едвај ретко се зборува за него и неговите заслуги, поголем статист и од Барел или Венингтон. Оној кој со последната сезона на Булс за првпат се среќава преку документарецот никако нема да може да разбере колку Тони Кукоч беше важен за тој тим. Затоа што првите четири епизоди комплетно го занемаруваат Хрватот сведен на обичен статист. Оние кои навистина беа статисти во тимот како Скот Барел и Бил Венингтон повеќе се прикажуваат од него. А, изоставувањето на Кукоч не е случајно. И покрај неговото значење за Чикаго булс тој никогаш не беше сметан за елита во тимот затоа што газдата на тимот, Мајкл Џордан, се шегуваше со него како ‘момчето на Џери’, затоа што Кукоч го донесе омразениот менаџер Џери Краус. Освен тоа Џордан долго време сметал дека Кукоч не се труди доволно. Затоа во тимот беше третиран како студиски музичар, кој се плаќа само за да се сними албумот а не е дел од групата. ‘Последниот танц’, кога е Кукоч во прашање, е најмалку срамен“ – е официјалниот став на НБА околу документарниот филм за Чикаго булс.

 

 

 

Се вчитува...