НБА со суспензија за тепачот Дрејмонд Грин

НБА-лигата експресно реагираше и изрече санкции за вмешаните во големиот инцидент на дуелот меѓу Голден Стејт вориорс и Минесота тимбервулвс, откако на самиот почеток дојде до масовна тепачка во која главниот збор го имаше Дрејмонд Грин.

Како што соопшти НБА, асот на Голден Стејт поради насилничкото однесување кон Руди Гобер (фаќање за врат на опасен начин), е казнет со пет натпревари неиграње.

„Грин е суспендиран на пет натпревари затоа што на опасен и неспортски начин го зграпчи за вратот центарот на противничката екипа, Руди Гобер. Должината на суспензијата е поврзана и со историјата на неспортско однесување што ја има Дрејмонд Грин низ годините“, се вели во соопштението на НБА.

Гобер е казнет со 25.000 долари парична казна за своето учество во инцидентот, исто како и Клеј Томпсон (Голден Стејт) и Џејден Мекданиелс (Минесота), играчите кои го започнаа инцидентот кој прерасна во масовна тепачка.

Се вчитува...