НБА тимовите добија дозвола за враќање на тренинзи

Најсилната кошаркарска лига во светот НБА ги информираше клубовите дека од 8. мај може да се вратат на тренинзи. На еден тренинг нема да смеат да присуствуваат повеќе од шест лица, вклучувајќи ги сите во клубот, од кошаркари, до тренери, а на заедно нема да може да тренираат повеќе од четворица кошаркари во исто време.

За потсетување НБА лигата беше суспендирана на средината на март, откако позитивен на коронавирус беше центарот на Јута Џез, Руди Гобер.

Се вчитува...