НБА тимовите ќе добијат дозвола за потпишување поголем број кошаркари

Во продолжението на НБА сезоната кое ќе биде во Орландо, на тимовите ќе им биде дозволено негораничен број на пријавени кошаркари, како би можеле да имаат полн состав на ростерот доколку дојде до тоа некој од кошаркарите да биде позитивен на коронавирус или пак поради долгата пауза дојде до неочекувано број на повреди.

Сепак, пописот на кошаркари кој ќе може да го состави секоја екипа ќе биде ограничен. Ќе биде дозволено да се додаваат само кошаркари кои имале договор со НБА тим, биле во развојната лига или во тренинг кампот во сезоната 2019/2020.

Искусните кошаркари кои годинава не беа дел од НБА или оние кои настапуваат за тимови надвор од САД нема да имаат право да потпишуваат договори со клубовите. НБА сезоната ќе продолжи на 31. јули во „Дизниворлд“ во Орландо.

Се вчитува...