НБА воведува „хотлајн“ за продолжението на сезоната во Орландо

НБА лигата на тимовите им испрати сигурносен протокол од 113 страни за рестарт на сезоната во „Дизниворлд“ комплексот на Флорида. Придржувањето на правилата ќе биде апсолутен услов за продолжувањето на сезоната која беше прекината поради пандемијата од коронавирусот. Раковдството на лигата размислува да воведе „хотлајн“. Тоа ќе биде телефонски број на кој кошаркарите и тренерите ќе можат анонимно да пријават кршење на мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

НБА лигата исто така побара од сите кои ќе бидат дел од нејзината завршница да потпишат документ со кој се обврзуваат на почитување на сите мерки пред него што стигнат во Орландо. Казните за кошаркарите кои нема да се придржуваат до мерките ќе бидат од предупредување, преку суспензија до исфрлување од комплексот што во пракса ќе значи и суспензија до крајот на сезоната.

Во Орландо на крајот на јули ќе стигнат 22 клуба кои во скратена варијанта ќе го завршат регуларниот дел од сезоната, а потоа 16 најдобри ќе влезат во разигрувањето за трофејот.

Се вчитува...