НБА воведува „паметен прстен“ за кошаркарите во Орландо

Кошаркарите во НБА лигата ќе носат „паметен прстен“ во текот на престојот во Орландо каде ќе се одржи завршницата на сезоната. Најсилната кошаркарска лига во светот своето продолжение ќе го има во „Дизниворлд“ на Флорида, а раководството на лигата се труди сите безбедносни протоколи да поминат во најдобар ред.

Според пишувањето на американските медиуми „паметниот прстен“, може да ги предвиди симптомите на Ковид-19 три дена порано со точност од 90 отсто. Прстенот ја мери температурата на телото, срцевите отчукувања, како и системот на органите за дишење. НБА лигата треба да продолжи на 30. јули со 22 екипи.

 

Се вчитува...