НБА забивање во Евролигата – Ексум го „скрши обрачот“ (ВИДЕО)

Барселона успеа да го одбрани домашниот терен во првиот натпревар од четвртфиналната серија во Евролигата против Баерн Минхен во интересен натпревар кој го одбележа неверојатното забивање на Данте Ексум.

Австралијанецот во последната четвртина блесна на паркетот и со одличен потег дополнително ја вжешти атмосферата во „Блауграна“. Неговиот потег го доби признанието за најдобро забивање на вечерта, но сосема сигурно дека ќе претендира и за најдобро забивање на сезоната.

Се вчитува...