НБА-засилувањето одигра четири меча за Игокеа, па си замина

Дорел Рајт беше доведен во Игокеа како суперзасилување и играч со НБА-искуство, но американскиот кошаркар по само четири одиграни средби за шампионот на БиХ ќе си замине од оваа екипа.

Имено, Рајт имаше договор со Игокеа само на еден месец, а по одличните настапи што ги прикажуваше во АБА-лигата тој лесно си обезбеди трансфер во Евролигата. Германскиот првак Брозе баскет е новиот клуб на Рајт, беше потврдено и од страна на генералниот менаџер на Игокеа, Игор Додик.

Со гордост можам да објавам дека Дорел Рајт се сели во Брозе баскет. Фала за се што направи за нас и многу среќа“ – напиша Додик на својот твитер-профил.

Овој 31-годишен кошркар имаше одличен просек од 26,8 поени и 4,3 скокови по натпревар во дресот на Игокеа.

Се вчитува...