„НБА ѕвездата“ во Куманово не издржа ниту четири месеци

Џонатан Холмс повеќе не е кошаркар на Куманово откако Американецот доби „шут-карта“ од новиот предводник на кумановци, Владимир Мирковски. Причина за истото е незалагањето на „НБА ѕвездата“ на мечот против Еуро Никел по што искусниот играч беше заменет во третата четвртина и воошто не доби шанса во последните десет минути.

Американецот беше најавуван како „мега-засилување“ на Куманово во пресрет на новата сезона, но не беше ни блиску до исполнување на својот потенцијал. На осум одиграни средби забележа просек од 11.9 поени и 6.1 скок, но ниту физичката подготвеност, ниту играта во одбрана не беа на посакуваното ниво.

Стапките на Холмс се очекува да ги заследи и Кејлеб Џозеф поради истите причини, а од странците во тимот ќе остане Џукан Џукановиќ кој досега одлично си ја врши својата улога. Со заминувањето на двајцата Американци, како и заминувањето на Каплановиќ поради неисплатени долгови се очекува и серија на нови засилувања во таборот на „сино-белите“ за враќање на победите и горниот дел на табелата.

Сепак и покрај тоа што заминува од Куманово, Холмс има шанса да остане во македонското првенство каде според неофицијалните информации постои интерес за неговите услуги.

Се вчитува...